ДУИ не е повеќе фактор и треба да се игнорира, вака мандатарот Христијан Мицкоски пост изборите го делегитимираше Али Ахмети. Што се промени за Христијан Мицкоски да го направи првиот договор со ДУИ и да отстапи од своите ветувања дека нема да преговара со партијата на Ахмети, за ДУИ синоќа да ја даде својата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за законот за реорганиозација на министерствата.
Особено што лично лидерот на валдејачката ВМРО-ДПМНЕ неколку пати кажа дека тој сам има мнзоинство постизборно од 61 пратеник. Официјално според двете идентични партсики соопшенија опозициската ДУИ за својот глас, од идната власт добива ад хок комисија во собранието која ќе ја следи правичната застапеност во органите на државната самоуправа на чие чело ќе биде пратеник од опозицијата. Нема инфорамции, што значи ова апропо барањето на ВМРО-ДПМНЕ предизборно за укинување на балансерот.
Од ВМРО-ДПМНЕ само велат дека гласот „за“ од ДУИ бил конструктивна соработка, а не пазар.
Од партијата на Али Ахмети денска само се повикуваат на синоќешното соопштение. Сепак неофицјално висок партиски функционер на ДУИ вели дека очекува дијалогот да продолжи, а според него ова не била прва средба меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пост избори.
Од Вреди пак ја пофалија ДУИ, дека омекнала во реториката.
– Добро е што дел од ДУИ на прашањето за реорганизација на министерствата покажа дека може да биде и конструктивна опозиција. После бојкотот на гласањето за Африм Гаши заедно со Левица, ова е мал исчекор кон прифаќање на реалноста. Закон за правична застапеност на етничките заедници во органите на државна управа е дел од коалицискиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ‘Вреди’, кој ќе содржи механизми кои ќе го заменат балансерот во разумен рок“. – велат од Вреди.
За оваа старо-нова соработка, опозицијата вели дека надежта на граѓаните никогаш пократко не траела, цената велат, допрва ќе се види. На сличен став и од Левица.
– После предлогот и изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Македонија, се случи уште едно газење на предизборните ветувања и примарната изборна реторика на ДПМНЕ за борба против ДУИ. Старите криминални партнери повторно ја обелоденија широката коалиција. – велат од Левица.
Пред гласањето за реорганиозација на министерствата, претходеше средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот фронт, по што со 88 гласови доцна синоќа во 2 часот по полноќ предлог законот беше изгласан. Сепак за разлика од ДУИ и помалите етнички заедници, Села и неговите пратеници решија да не галсаат за законот, иако присуствивле на средбната со ВМРО-ДПМНЕ.