Ер Индија, главниот авиопревозник на Индија, е приватна компанија, со мнозинско сопствеништво од индискиот конгломерат Тата Груп, а преостанатиот дел од акциите од Сингапур Ерлајнс.
Од октомври, групацијата „Ер Индија“ е во сопственост (25,1 проценти) на „Сингапур ерлајнс“, а преостанатиот удел во приватна сопственост на „Тата“. Во тоа време, четири авиокомпании во сопственост на „Тата“ се споија со друга авиокомпанија, „Вистара“.
Компанијата извршува повеќе од 5.600 летови секоја недела и поврзува над 90 домашни и меѓународни дестинации со флота од 208 авиони.
Ер Индија превезува повеќе од 120.000 патници дневно и нуди врски до над 800 дестинации преку повеќе од 75 партнери, пишува Skynews .
Основана е во 1932 година и беше во сопственост на индиската влада од 1953 до 2022 година.
Бидејќи „Ер Индија“ е приватна компанија, таа не објавува финансиски и оперативни информации како што прават јавните компании, на пример „Рајанер“ или „Ер Франс-КЛМ“.
Ова исто така значи дека не можеме да ја следиме цената на нејзините акции, бидејќи тие не се тргуваат јавно.
Слично на тоа, уделот на Тата во Ер Индија не е котиран на берзата, па затоа немаме директен показател за тоа како инвеститорите ја доживуваат оваа вест.