Што е сега ова!? Орбан направи пресврт од 180 степени: Унгарецот ги шокираше сите! Никој не го очекуваше овој шок!
Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека земјата е подготвена да учествува во финансирањето на заедничката европска одбранбена политика, но е против задолжувањето од ЕУ за таа цел.
,,Ова прашање може да биде клучна тема на самитот на лидерите на ЕУ следната недела, каде се очекуваат „тешки“ преговори”, изјави Орбан за државното радио, пренесе Блумберг.
Пратениците од партијата на Орбан вметнаа одредба во уставот со која е потребно двотретинско мнозинство во парламентот за да се одобри заедничкото финансирање од ЕУ.
Орбан најави дека ќе ги повика пратениците да гласаат против предлогот на седницата што ќе биде закажана пред почетокот на самитот на ЕУ на 20 март.
Дипломатската служба на ЕУ денеска предложи земјите-членки на блокот да обезбедат до 40 милијарди евра воена помош за Украина оваа година, според документот што го видел Ројтерс.
Како што е наведено, секоја земја-членка на ЕУ која учествува во донациите треба да придонесе „во согласност со своите економски можности“.