Што забележуваат мажите кај жените при првиот секс?

Жените поминуваат многу време во подготовка пред првиот секс со новиот партнер, но мажите воопшто не забележуваат ништо од тие работи.

Пред првиот секс со новиот партнер, жените поминуваат многу време во подготовка . Ова вклучува депилација, туширање, одење во солариум, избор на долна облека, коса, шминка и сето тоа го возбудува мажот. Сепак, некои од овие работи мажите не ни забележуваат.

Работи кои мажите ги забележуваат…

1. На прво место е самодовербата, бидејќи жената која е полна со самодоверба му покажува на мажот колку е сигурна во себе, без разлика како изгледа, додека мажите се возбудени поради ова.

2. Исто така, една од работите што ја забележуваат се вашите движења пред и за време на сексот. Нема ништо поубаво од жена која прави заводливи движења со телото додека маж ја допира.

3. На мажите им е многу важен изразот на лицето кој го имате за време на сексуалниот однос. Доколку види возбуда на вашето лице, бидете сигурни дека ќе го шармирате

4. Мажите не ги забележуваат недостатоците на вашето тело, туку облиците, па затоа се фокусираат само на нив. Без разлика на тоа како изгледате, вие сте му неодоливи додека стоите полуголи во затемнетата просторија додека тој ужива да го гледа вашето тело.

5. Секој маж сака да го почувствува мирисот на вашето тело за време на сексот, дури и само природниот мирис. Бидете сигурни дека ќе го заведете со природниот мирис на вашето тело, наместо со скапи парфеми