Што значат црвената, сината и белата боја во вашата паста за заби?

Дали некогаш сте се запрашале зошто некои пасти за заби содржат повеќе бои, а некои се еднобојни?

Иако експертите велат дека само пастите од непроверено потекло можат да ни наштетат, луѓето им веруваат на тие пасти со повеќе бои, иако не знаат зошто. Всушност, дури и компаниите за пасти за заби не се трудат да ни го објаснат тоа, но вистината е дека секоја боја во вашата туба има различни состојки, како и различни ефекти, а еве што значат тие:

Белиот дел е најважната состојка во пастата за заби. Содржи супстанци со помош на кои се избелуваат забите, а уште поважно ги штити вашите заби од кариес.

Синиот или зелениот гел има антибактериско дејство, го освежува здивот и ја штити внатрешноста на устата од бактерии.

Црвениот гел е додаден подоцна и содржи некои од клучните елементи за здрави непца.

Иако пастата за заби не мора нужно да ги содржи овие три бои, ќе се согласите дека ова е одличен маркетиншки трик, бидејќи продажбата ќе биде поефикасна доколку изгледот на производот е пријатен за окото на купувачот.

Сепак, има и тајна скриена на дното на самото пакување. Имено, квадратот на долниот дел од тубата кажува за состојките кои се наоѓаат во пастата за заби, а важно е да се разликува што претставува секоја боја:

Зелен код – целосно природни состојки,

Син код – природни состојки + лекови,

Црвен код – природни состојки + хемикалии,

Црн код – Само хемикалии.

Но, стоматолозите истакнуваат дека најдобрата паста за заби е онаа што се користи редовно и дека треба да се консултирате со вашиот стоматолог пред да користите специјални пасти за заби.