Изразот „алал вера“ е доста припитомен во македонскиот јазик. Ќе го слушнете во секојдневниот говор во значење на „браво“ или „сè најдобро“, а има и неколку песни со тоа име. Но – дали знаете што првично значи и од каде доаѓа?
Прво, зборот „алал“ е всушност „халал“ и доаѓа од арапскиот јазик. Во буквален превод значи „ дозволено“ , а на нашите простори дојде преку турскиот јазик.
Во комбинација со вториот дел од фразата „алал вера“ значи „нешто што ви го дозволува (исламската) вера“. Значи, кога велиме „алал вера“ или „алал ти вера“ всушност велиме дека исламската вера ви дозволува да направите нешто, т.е. дека тоа што го правиш не е забрането со исламот.
Во македонскиот јазик изразот со текот на времето го изгубил првобитното значење и денес се користи во контекст на „браво“ или „секоја чест“ , иако понекогаш има иронично значење и се вели не како пофалба, туку за да се нагласи. дека нешто направено/речено не е во ред.