ШТО ИМА НОВАК ЃОКОВИЌ НА ГРАДИТЕ !? Мистериозната направа ја смета за тајната на неговиот успех, а експертите откриваат што е тоа!

Новак Ѓоковиќ привлече големо внимание на овогодинешните Грен Слем турнири откривајќи мистериозен метален диск закачен на неговите гради.

Србинот го носеше уредот кој личи на паричка на градите на Ролан Гарос и на Вимблдон, а можеби ќе го носи повторно и на овогодинешниот УС Опен кој започна во понеделникот.

Овој уред на градите на првиот светски рекет се смета за клуч на неговиот успех, пишува Sky News.

Новак Ѓоковиќ беше прашан за што се работи уште во мај, по неговата победа во второто коло на Ролан Гарос во Франција над Мартон Фучович, кога малата направа на градите го привлече вниманието на бројни коментатори и гледачи.

Кога бев дете го сакав Ајрон Мен (Iron Man), па сега се обидувам да бидам тој суперхерој“, рекол Новак Ѓоковиќ споредувајќи ја неговата направа со дел од оделото на суперхеројот на Марвел (Marvel).

Направата за гради на Ајрон Мен има слична форма и ја напојува неговата роботска опрема и е дизајнирана да спречи куршум во неговото тело да стигне до неговото срце.

За Новак Ѓоковиќ, пак, вакви проблеми не постојат, а овој уред служи за подобрување на неговите перформанси на теренот.

Мојот тим ми дава неверојатно ефикасна нанотехнологија за да ми помогне да дадам се од себе. Ова е веројатно најголемата тајна во мојата кариера. Да не беше тоа, веројатно немаше да седам овде“, рекол тој.

По појаснувањето на Новак Ѓоковиќ, италијанската компанија Tao Technologies се огласи, велејќи дека стои зад уредот што го опиша како – „уред за надградба на човекот“ дизајниран да го подобри здравјето и благосостојбата.

Лепенот користи два слоја нанокристали кои ја претвораат телесната топлина во светлина. Ова испраќа терапевтски сигнали до нервниот систем на оној што го носи, така што неговото тело ја постигнува вистинската рамнотежа.

Подобрениот сон, држењето на телото, рамнотежата, флексибилноста, фокусот и времето за опоравување, заедно со намалениот стрес, анксиозноста и хроничната болка, се некои од придобивките што се вели дека ги обезбедува овој уред.

Компанијата што го произведува тврди дека овој вид фластер дури им помогнал на пациентите со мултиплекс склероза. Цената на овој уред е 238 фунти.

Пронаоѓачот на уредот Taopatch и извршен директор на Tao Technologies, Фабио Фонтана, изјавил за Sky News дека бил инспириран да го направи тоа откако станал зависен од лековите против болки што морал да ги пие по сообраќајна несреќа.

Сите терапии што ги пробав дадоа само привремени резултати“, рекол тој и продолжил со објаснувањето: „По докторскиот третман во Рим, резултатите дојдоа за прв пат. Напнатоста во мускулите на вратот и грбот беше значително ублажена, но ефективноста траеше само една недела. Се прашував дали е можно да се создаде некој вид ласер што може да се носи за да се продолжи ефектот на таков третман“, вели тој и додава: „Нанокристалите го симулираат ефектот на ласерските третмани, а фластерот е едноставно поинаков начин на примена на светлосна терапија“, пренесува Sky News.

Од компанијата велат дека фластерот е одобрен медицински уред, во согласност со прописите на Европската унија, но американскиот регулатор за лекови допрва треба да го одобри.

Студиите за ефикасност се наведени на веб-страницата на компанијата. Една италијанска студија од 2021 година заклучува дека уредот ја подобрува рамнотежата, движењето и влијае на екстремитетите на пациентите со мултиплекс склероза, додека студијата за атлетските перформанси вели дека го подобрува стисокот и силата на сквотот кај оние кои го користат.

Фабио Фонтана ги споменува и студиите за придобивките од светлосната терапија и додава дека фластерот е достапен за сите истражувачки институции кои сакаат да спроведат клинички испитувања.

Сепак, некои експерти не се ентузијасти. Во една статија за списанието „Science-Based Medicine“, д-р. Хариет Хол вели дека објаснувањето е – „не веродостојно“.

д-р. Брендон Бибер, невролог, вели дека студиите можеби укажуваат на мала придобивка, но истакнува дека нема докази за лекување на мултиплекс склероза.

Професорот Едзард Ернст од Универзитетот во Ексетер изјавил за Sky News дека нема цврсти докази за ниту едно од тврдењата што ги нуди производителот.

Лажна е идејата дека тоа создава некаква корист“, вели Едзард Ернст и додава дека секоја можна корист од овој фластер во случајот на Новак Ѓоковиќ би била плацебо.

Со оглед на тоа што на Новак Ѓоковиќ не му е забрането да го користи овој фластер, се чини дека ниту тениските лидери не се убедени во опипливите придобивки. АТП и Меѓународната тениска федерација не ја коментираат употребата.

За потсетување, познато е дека Новак Ѓоковиќ одби да ја прими вакцината против вирусот Ковид-19, па поради тоа и ограничувањата за патување за време на пандемијата пропушти неколку големи турнири.

Тој исто така претходно изјави дека некои луѓе имаат телепатска моќ. Тој се откажа од глутенот откако тврдеше дека неговото тело се чувствува послабо поради близината на парче бел леб, а исто така вели дека операцијата на лактот во 2018 година го натерала да се чувствува како да се изневерил самиот.