Што може да направи еден фудбалер? Да натерате илјадници луѓе да чекаат во ред за најневкусната пица на светот: Километарски редици поради Меси (фото)
Една фотографија предизвика големо внимание во Мајами.
Додуша, таа фотографија беше објавена од Лионел Меси, но сосема е невообичаено луѓето да чекаат на ред за да ја пробаат најневкусната пица на светот.
Лео го пропушти последниот МЛС натпревар на својот клуб, а на слободниот ден отиде да го гледа мечот на својот син и таму ја однесе омилената пица. Сепак, традиционалната аргентинска пица на почетокот очигледно не им се допадна на многумина, кои беа доста критични во коментарите.
,,Меси штотуку ја објави најлошата пица што сум ја видел во животот“, „Меси, ти си веројатно најдобриот фудбалер во историјата, но ова е најлошата пица што сум ја видел“…
Сепак, наскоро ситуацијата целосно се промени.
Огромна гужва се создала пред пицеријата во која пазарувал Меси. Луѓето чекале во редици за да ја купат „највкусната“ пица.