Што ни носи Марс во Девица: Ракот се бори за себе, на Вагата и претстои голема животна подготовка

Планетата на борба и акција останува во знакот на Девица до 27 август.

Во секој од нас живее воин. Во астрологијата , со тој воин владее Марс , познат како планета на борба, акција, нагон, но и агресија. Тоа го нагласува начинот на кој ги користиме нашите инстинкти.

Кога гладијаторот на галаксијата ќе ја активира волјата за победа, ништо повеќе не може да не спречи , пишува „ Stylecaster“.

Од друга страна, Девицата е аналитички, интелигентен, продуктивен знак на кој борбата на агресивен начин и е целосно непознат. Најдобро го опишува народната изрека: „Тивка вода брег рони“. Но, кога ќе се „судри“ со Марс, има неочекувани епизоди во животот на сите знаци од Зодијакот.

Еве како Марс во Девица ќе влијае на секој хороскопски знак.

Овен

Ќе бидете попродуктивни и поенергични. Марс во Девица ќе ја активира вашата шеста куќа на здравјето и секојдневните рутини. Иако имате тенденција да ги поместувате сопствените граници, не претерувајте.

Исто така, немојте премногу да се опуштите на работа или да дозволите да ве оптоварат заостанатите работи, бидејќи тоа лесно може да доведе до драма во деловното опкружување.

Бик

Планетата Марс минува низ вашата петта куќа и ве потсетува дека е вистинско време да се посветите на креативно хоби. Исто така е одлично време за дружење и заљубување.

Доколку планирате да го проширите семејството, ѕвездите ќе ве поддржат во тоа.

Близнаци

Не е ни чудо ако чувствувате потреба да се расправате со членовите на семејството – Марс во Девица ја интензивира енергијата на дискусија . Искористете го овој период за отворена дискусија за семејни работи.

Исто така , одлично време е да започнете со уредување на вашиот животен простор.

Рак

Размислете пред да кажете било што. Со оглед на тоа што Марс во Девица татне низ вашата трета куќа на комуникација, постои голем ризик да го кажете она што не го мислите.

Но, тоа во исто време не значи дека не е време да се залагате за себе. Дозволете овој транзит да ве научи како да се борите за вашето место под сонцето.

Лав

Во следните два месеци ќе откриете нови начини за подобрување на финансиската состојба. Притоа, нема да штедите на себе, а понекогаш ќе трошите премногу, но нема да се грижите за тоа.

Внимавајте да не се споредувате со другите и бидете благодарни за се што имате.

Девица

Марс влегува во вашата прва куќа и ве инспирира да го вратите идентитетот што сте го турнале во втор план. Сега е време да ги победите вашите стравови и да се борите за животот што го сакате .

Но, имајте на ум дека Марс веројатно ќе ви го разбуди заспаниот темперамент, па најдете начин да ја „оладите главата“ кога ќе сфатите дека нешто сте претерале.

Вага

Марс влегува во вашата 12-та куќа и ве тера да се повлечете во изолација. Ќе се преиспитувате и ќе „повлечете линија“, обидувајќи се да ги препознаете сите победи и порази во последните две години .

Ќе сфатите дека сте научиле многу повеќе од поразите отколку од победите. Ова е вистинско време за „голема животна подготовка“ и поставување нови цели, врз основа на стекнатите искуства.

Шкорпија

Марс во Девица ја погодува вашата 11-та куќа на надежи, визии и соништа како молња. Исто така, го користи влијанието што сакате да го постигнете во општеството.

Можеби ќе влезете во дебати и драми на социјалните мрежи, но ќе добиете двојно повеќе поддржувачи и истомисленици.

Стрелец

Можеби ќе се чувствувате исклучително мотивирани во следните два месеци. Вистинско време е да заземете лидерска позиција или да се етаблирате како незаменлива личност во работната средина.

Сепак, не дозволувајте ароганцијата или прекумерната амбиција да ви го поматат разумот. Прифатете ја конструктивната критика и преземете одговорност.

Јарец

Подготвени сте да ги проширите своите хоризонти и да стекнете нови искуства. Дозволете си да станете зависник од адреналин, бидејќи Марс во Девица прави да се чувствувате како пират кој плови по отворено море. Прифатете ги предизвиците.

Водолија

Конечно сте подготвени да преземете долгорочни обврски, како и да се откажете од некои работи за да ги постигнете.

Има многу работи што не можете да ги контролирате, затоа обидете се да се ослободите од неизвесноста што ја носи промената.

Риби

Во текот на следните два месеци, многу од вашите врски ќе доживеат трансформација. Бидејќи Марс живее во куќата на вашите сојузници и непријатели, може да се најдете во конфликт со противниците. Транзитните планети ќе ве научат како да разговарате со другите без да се расправате.