Што прават Американците!? Светот се плаши, ова може да предизвика нуклеарна војна!

Северна Кореја ги обвини Соединетите Држави дека го нарушуваат нивниот воздушен простор со извидувачки летови, поради што Пјонгјанг предупреди дека авионите може да бидат соборени.

– Провокативните воени акции на САД го доведоа Корејскиот Полуостров чекор поблиску до нуклеарен конфликт – изјави неименуван портпарол на севернокорејското Министерство за национална одбрана, пренесе новинската агенција КЦНА.

Во соопштението се наведува дека, покрај американските извидувачки авиони и беспилотни летала, Вашингтон ги зголемува тензиите со испраќање нуклеарни подморници во близина на полуостровот.

„Нема гаранција дека таков шокантен инцидент, како што е соборувањето на американскиот стратешки извидувачки авион, нема да се случи во водите источно од Кореја“, рече портпаролот.

Во соопштението се наведуваат минати инциденти во кои Северна Кореја пресретнала американски авиони на границата со Јужна Кореја и во близина на брегот.

Северна Кореја често се жалеше на американските извидувачки летови во близина на полуостровот, а досега нема одговор од американската војска стационирана во Јужна Кореја на обвинувањата на Пјонгјанг.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека „не е точно“ дека е нарушен воздушниот простор на северниот сосед, но дека американската војска спроведува рутински извидувачки летови околу островот, додавајќи дека сојузниците соработуваат и надгледуваат што прави Пјонгјанг.