Што правел Модриќ за време на церемонијата на ФИФА каде што е избран во најдобрите 11

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ сосема заслужено се најде во најдобрите 11 на ФИФА, но наместо да присуствува на церемонијата во Париз, синоќа остана во игротека.

Додека во Париз се одржуваше церемонијата на ФИФА The Best, каде се доделуваа најдобрите во светот на фудбалот за изминатата сезона, играчите на Реал лудо се забавуваа во игралната.

Тука бил и Лука Модриќ, кој е избран во најдобрите 11 на ФИФА, како и голем број играчи на Реал. Причината е што Федерико Валверде ги покани на роденденот на својот син.

На роденденската прослава покрај Модриќ беа присутни и Тони Крос, Тибо Куртоа, Лукас Васкез и Дани Карвахал.

Интересно, никој од соблекувалната на Реал не отишол на официјалното доделување на наградите во Париз. Тие решија да останат во Мадрид и да се посветат на претстојното Ел Класико против Барселона во Купот на кралот, кое е закажано за в четврток.
Покрај Модриќ, Реал Мадрид даде уште двајца играчи во најдобрите 11 во светот за минатата година и тоа споменатите Куртоа и Карим Бензема.

Сепак, она што на крајот го привлече вниманието на фановите е тоа што наместо да позираат на црвениот тепих, тие решија да се забавуваат во игралната и да ја поминат понеделничката вечер на малку поинаков начин.