ШТО ПРАВИ НАЈСКАПИОТ ВИБРАТОР НА СВЕТОТ? ЧИНИ 1,6 МИЛИОНИ ЕВРА! Сите прашуваат дали го гребе гениталниот орган, а е направен поради ГЛУПОСТ
Кое е задоволството со дијамантски вибратор кој чини цело богатство?
Велат дека секоја стока има свој купувач, вклучувајќи го и најскапиот вибратор во светот. Сигурно се прашувате што прави сексуалното помагало кое чини цело богатство . Дали задоволството е подобро поради илјадниците дијаманти со кои е покриен или има посебни карактеристики што ги доживеале само најбогатите? Која е тајната на вибраторот наречен „Кралски бисер“ ?
Вибраторот „Royal Pearl“ е најскапата играчка за возрасни во светот. До пред неколку години чинеше нешто повеќе од 900.000 евра, а денес неговата цена е 1,6 милиони евра. Можно е да се нарача онлајн, а испораката трае 12 до 13 недели по нарачката. Тоа е периодот што е потребен за да се направи оваа играчка за возрасни. Дизајниран е од Колин Бурн, уметник од Австралија, за колекцијата наречена „Treasure The Erotic“ . На прашањето зошто направил толку скап вибратор, дизајнерот дал изненадувачки одговор.
„Мојата инспирација беше да создадам нешто што ја покажува вредноста што луѓето ја придаваат на интимната врска . Луѓето трошат многу пари за искуството да поседуваат „Масерати“ и слично. Сепак, ме интересираше дали некој ќе плати цело богатство за вакво нешто“, рече Колин и додаде дека овој мега луксузен вибратор тежи околу половина килограм и работи на два рачно изработени мотори.
Тој е покриен со 2.000 дијаманти , неколку кралски сини сафири, биски и розови дијаманти кои се исклучително ретки. Поставени се така што не можат да ја изгребат интимната зона , иако самата естетика дава поинаков впечаток. На страницата „1stDibs“, каде што можете да го нарачате, пишува:
„Оваа извонредна, функционална скулптура е уникатно парче од современата дијамантска уметност што ќе се препознава во наредните векови. Дизајнирана е да изгледа како кралски жезол, со мазни дијаманти и кралска круна што содржи клуч од бисери од Јужното Море. Тоа е прекинувач и контрола на брзината, а кога ќе се извади, тоа е прекрасно ланче кое може да се носи како таен клуч за задоволствo. Оваа раскошна скулптура доаѓа со сертификат за автентичност на уметник во ограничено издание и сертификат за материјали за накит. Димензии се: висина: 5 см, ширина: 4,5 см, должина 22 см“.
„Мојата намера беше да создадам уникатно кралско парче кое ќе се одржи и гордо ќе застане покрај најдобрите светски дијаманти. На крајот, тоа ми претставува дефиниција за тоа како треба да ja цениме еротиката “, рече Колин Бурн. Проверете како изгледа овој вибратор: