Што се договориле Америка и Украина? Конечно е јасно што ќе биде со познатите минерали: Киев го прифаќа предлогот за прекин на огнот!

Украина и САД постигнаа договор за склучување сеопфатен договор за развој на клучните минерални ресурси на Украина што е можно поскоро, се вели во заедничката изјава на американската и украинската делегација.

Целта на договорот е да се прошири украинската економија, да се надоместат трошоците за американската помош и да се обезбеди долгорочен просперитет и безбедност на Украина.

Соединетите држави и Украина издадоа заедничка изјава по состанокот во Џеда, Саудиска Арабија, потврдувајќи дека САД веднаш ќе ја укинат паузата во размената на разузнавачки информации и ќе продолжат со испраќање воена помош за Украина.

Киев, исто така, изрази подготвеност да го прифати предлогот на САД за итен, привремен прекин на огнот во траење од 30 дена, кој може да се продолжи со заеднички договор на страните, под услов Русија да се согласи и истовремено да го спроведе.

„САД ќе и’ пренесат на Русија дека реципроцитетот е клучот за постигнување мир“, се вели во соопштението.

Средбата меѓу американските и украинските претставници траеше повеќе од осум часа во саудиското пристаниште Џеда.