ШТО СЕ СКРИЕ ЗАД РАЗГОВОРОТ НА КИНА И АМЕРИКА?! Бајден му порача на Си да биде многу внимателен!

За време на разговорот, Бајден му рекол на Си Џинпинг да биде „внимателен“ бидејќи Пекинг се потпира на западните инвестиции.

Американскиот претседател Џо Бајден, откако ги објави плановите за испраќање касетна муниција во Украина, имаше состанок со кинескиот претседател.

За време на разговорот Бајден му рекол на Си Џинпинг да биде „внимателен“ бидејќи Пекинг се потпира на западните инвестиции , според Си-Ен-Ен.

  • Реков: Ова не е закана. Ова е опсервација – рече Бајден.

– Откако Русија влезе во Украина, 600 американски корпорации се повлекоа од Русија. А ти ми кажа дека економијата ти зависи од инвестиции од Европа и САД. Бидете внимателни, внимавајте – рече Бајден.

На прашањето каков е одговорот на Си, Бајден рече – Тој слушаше, не се расправаше.