Што се случува ако пиете кафе цел ден?

Пиењето кафе наутро позитивно влијае на здравјето, додека пиењето кафе подоцна во текот на денот ги нема истите ефекти, покажува најновото истражување.

Со испитување на повеќе од 40.000 возрасни, истражувачите откриле дека луѓето кои консумираат кафе наутро имаат 16 отсто помали шанси да умрат од која било здравствена причина и 31 отсто помали шанси да умрат од кардиоваскуларни болести, во споредба со оние кои не пијат кафе наутро. , пишува Гардијан.

Меѓутоа, кај луѓето кои пиеле кафе во текот на денот, не е забележан позитивен ефект врз здравјето на срцето, а медицинските податоци не покажуваат значително намалување на ризикот од смртност во споредба со оние кои не консумирале кафе.

„Не е важно само дали пиете кафе или колку пиете, туку и кога го правите тоа“, вели Лу Ки, експерт за исхрана и епидемиологија на Универзитетот Тулан во Њу Орлеанс. Студијата, која опфати 40.725 возрасни лица кои учествуваа во Националното истражување за здравјето и исхраната на САД помеѓу 1999 и 2018 година, покажа дека оние кои пијат утринско кафе имале помал ризик од смрт од која било здравствена причина, без разлика дали консумирале две до три шолји кафе.

Истражувањето, објавено во „European Heart Journal“, било потврдено и кај помала група од 1.463 луѓе кои воделе детални неделни дневници за консумирање храна и кафе. Студијата сугерира дека кафето наутро е подобро за срцето отколку кафето навечер, но не објаснува точно зошто.

Професорот и кардиолог од Лондон, Томас Лучер, истакна дека многу луѓе кои пијат кафе во текот на денот имаат проблеми со спиењето.