ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО БАРСЕЛОНА !? Во Каталонија стравуваат од суша: “Не се туширајте во спортски сали и спортски клубови, туку дома!“

Владата на Каталонија побара од нејзините 7,5 милиони жители да не се тушираат во спортски сали, базени, фудбалски клубови и други спортски објекти бидејќи снабдувањето со вода драстично се намали во покраината во североисточна Шпанија поради големата суша.

Ги повикувам граѓаните да не се тушираат во спортски објекти туку дома, бидејќи така има многу помала потрошувачка на вода“, вели Дејвид Маскорт од каталонската Влада задолжена за климатските промени.

Без дожд со месеци, количината на вода во акумулациите во Каталонија се намали на 25 отсто од капацитетот, поради што се одржа состанок на официјалните лица.

Плашејќи се дека јануари исто така може да биде сув, Владата најави нови рестриктивни мерки, вклучително и штедење во спортските објекти во Барселона, Жирона и други места.

Намалена е дозволената потрошувачка на вода од жителите од 230 на 210 литри дневно.

Доколку нивото на водата падне на 16 отсто во акумулираните езера, од каде што водоводот ја испорачува водата до домаќинствата и индустријата, на жителите ќе им биде дозволено да трошат најмногу 200 литри дневно. Бидејќи нивото на водата продолжи да опаѓа, дозволената потрошувачка ќе се спушти на 160 литри по лице.

Каталонија е еден од најтуристичките и најиндустриски богатите делови на Шпанија, па ваквите мерки би можеле да ги погодат локалните компании, но и земјоделците на кои им е потребна вода за нивните посеви.

Претставниците на земјоделците и работодавачите бараат дополнителни количини вода да се пренасочат од еколошки заштитените реки, што ги загрижува организациите за заштита на животната средина.

Каталонската Влада размислува за увоз на вода со брод од други европски земји, бидејќи околните автономни провинции исто така се соочуваат со суша, што веќе беше намера во 2008 година за време на слична суша. Потоа, сепак, почна да врне, па ситуацијата се нормализира.

Во пристаништето во Барселона се работи за да може да влезат такви бродови доколку е потребно“, изјави Дејвид Маскорт.