Што се случува во Белорусија ? Александар Лукашенко го нема со денови, се шират разни гласини, а еден медиум тврди: “Беше префрлен во елитна клиника…“

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, кој не е забележан во јавноста од вторникот, не се појави и на церемонијата во Минск во неделата, што ги поттикна шпекулациите дека е тешко болен.

Државната медиумска агенција BelTA објави дека премиерот Роман Головченко ја прочитал пораката на Александар Лукашенко на годишната церемонија на која двајца млади полагаат заклетва пред знамето на поранешниот Советски Сојуз.

Медиумската агенција не ја наведува причината за отсуството на Александар Лукашенко, пет дена откако тој беше во Москва за да ја прослави победата на Советскиот Сојуз над Германија во Втората светска војна, но треба да се напомене дека тој и тогаш изгледаше лошо и не остана до крајот на церемонијата.

Александар Лукашенко исто така не зборуваше на слична церемонија во Минск, за прв пат во неговото долго владеење. Тоа е последен пат кога тој е виден во јавноста.

Според опозицискиот веб-портал Euroradio, Александар Лукашенко (68 г.) во саботата бил префрлен во елитна клиника во Минск.

За неговото здравје пишува и рускиот весник Kommersant, повикувајќи се на белоруски опозициски медиуми. Руските медиуми ретко пишуваат за здравјето на лидерите на руските или сојузничките земји.