ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО РОМАНИЈА !? Дали Русија (не)намерно напаѓа земја-членка на НАТО ? Букурешт ги губи нервите: “Ова е трет пат овој месец“

Од седиштето на НАТО денес соопштија дека се уште не гледаат знаци дека Русија намерно ја нападнала Романија, земја-членка на веоната алијанса.

Официјален Букурешт во средата објави дека по трет пат во последниот месец на територијата на Романија се пронајдени остатоци од беспилотно летало. Наведено е и дека се работи за руски дрон чија цел била во Украина.

Граѓаните на пограничните села во областа Тулча добиле известување за можен пад на одредени предмети на нивна територија, поради нападот на руските сили врз областа Одеса.

Постои можност да паднат предмети од воздушниот простор. Бидете внимателни! Засолнете се во подруми или засолништа за цивилна заштита. Доколку нема засолниште, останете во вашиот дом, подалеку од прозорци и надворешни ѕидови“, се вели во пораката до локалното население.

Амбасадорот на Романија во НАТО, Дан Некулеску, во штабот на Алијансата изјавил дека Русите со беспилотни летала нападнале цели во Украина и дека деловите од беспилотното летало завршиле на територијата на Романија, пренесуваат странските медиуми.

Дан Некулеску на социјалната мрежа Х (Твитер) објави дека романските власти се во состојба на готовност и дека се води целосна истрага.

НАТО нема информации што би укажале дека во овој случај се работи за намерен напад на Русија на територијата на НАТО“, му одговориле на романскиот амбасадор од седиштето на НАТО, се наведува понатаму во објавата.

Последниот „напад“, трет по ред, остатоци од беспилотното летало биле откриени во близина на реката Дунав во близина на селата Нуфарул и Викторија во областа Тулче, приближно 15-20 километри југоисточно од украинската граница.

Како одговор, Букурешт го повика рускиот амбасадор во знак на жпротест поради новото нарушување на романскиот воздушен простор и ги осуди нападите врз соседна Украина.

Романските власти претходно потврдија дека пронашле фрагменти од руски беспилотни летала на нивна територија на 6. септември, а НАТО тогаш коментираше дека не видел знаци за намерен напад врз земјата-членка.

Повеќе делови беа пронајдени на 9. септември во близина на селото Плауру, кое лежи на реката Дунав, исто така на неколку стотини метри од украинската граница.