ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО РУСИЈА ? Додека очите на светот се насочени кон Блискиот Исток, Владимир Путин нареди нуклеарните сили да вежбаат извршување на интензивен нуклеарен напад !?
Вежбите на руските стратешки сили за задржување се одржуваат под команда на претседателот Владимир Путин.
Извештајот го поднесоа и јавно објавија министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов.
Валериј Герасимов вели дека во вежбите на стратешките нуклеарни сили учествуваат мобилниот систем „Јарс“, нуклеарна подморница и два стратешки ракетни носачи.
Како што се наведува во соопштението на Кремљ, за време на вежбите, интерконтиненталната балистичка ракета „Јарс“ била лансирана од космодромот „Плесецк“ на полигонот Кура во Камчатка.
Дополнително, од атомската подморница „Тула“ е испукана и балистичката ракета „Синјева“.
Авионите со долг дострел Tu-95МS истрелуваат проектили како дел од воените вежби, пренесуваат руските државни медиуми.
Според министерот за одбрана Сергеј Шојгу, руските стратешки нуклеарни сили вежбаат интензивен нуклеарен напад како одговор на можен нуклеарен напад на одреден противник.
Вооружените сили на Русија ја проверија и обуката на воените командни тела, работните вештини на раководниот и оперативниот персонал. Задачите планирани за време на обуката, според информациите, се целосно реализирани.