Што се случува во Србија? Дали е ова крајот на Вучиќ!? 329.000 граѓани потпишаа петиција со која бараат затворање на телевизиите Пинк и Хепи: „Ги трујат децата, ќе ја уништат земјата“
Неодамнешните страшни настани во Србија предизвикаа силна реакција на тамошните луѓе, а повторно се појави онлајн петиција за затворање на телевизиите Пинк и Хепи.
Бараме на телевизиите Пинк и Хепи да не им се доделуваат национални фреквенции. Овие две телевизии во голема мера ги искористија доделените национални фреквенции за да го прекршат Законот за електронски медиуми – се наведува во описот на петицијата која за краток период собра над 300 илјади потписи.
И покрај тоа што се општи даватели на медиумски услуги, што значи дека мора да имаат документарна, културна, научно-образовна и детска програма, овие две телевизии имаат врска со детска програма само кога во студиото покануваат локален политичар за кој тврдат очевидци дека подведува малолетници, а ние имаме обврска да застанеме на патот кон ваквите гадости, без разлика на потенцијални несогласувања, политички несогласувања или различни определби – стои во образложението потпишано од Лука Трипковиќ од Здружението за заштита на уставноста и законитоста и народното движење. „Крени – Промјени“.
Заедно со наглото зголемување на бројот на потписи, се зголемува и бројот на коментари од разочарани граѓани.
- Долго време страдаме од содржини кои не се соодветни за нашите деца – гласеше еден од коментарите.
- Доста е – вели еден коментатор под петицијата.
- Сакам моите деца да растат со квалитетна образовна програма, наместо со вулгарности и насилство што им се сервираат секојдневно – рече една загрижена мајка.
- Долготрајно труење на нацијата и децата. На луѓето кои никогаш не треба да се појавуваат на телевизија им се дава видливост и глас. Ако не сакаме целосно да ја уништиме оваа земја, тогаш ова е од големо значење – напиша еден коментатор.
– Националната фреквенција не смее да пропагира агресија, омраза и едноумие – гласи коментарот на еден од многуте луѓе кои се потпишаа на петицијата.
Целта на петицијата е 400.000 потписи за да се укинат телевизиите Пинк и Хепи. Досега има собрано повеќе од 320.000 потписи.