ШТО СЕ СЛУЧУВА ЗАД ЗАВЕСИТЕ !? Тајните документи од Пентагон откриваат шокантни детали: “Евгениј Пригожин им испратил на Украинците неверојатна понуда, еве што побарал…“
На крајот од месец јануари, додека секој ден стотина негови платеници умираа во кланицата Бахмут, првиот човек на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, и испратил на Украина неверојатна понуда !?
„Готвачот на Владимир Путин“ кажал дека ако украинските команданти ги повлечат своите војници од областа околу Бахмут, каде што се неговите сили, ќе му предаде на Киев информации за позициите на руските војници, кои Украина би можела да ги искористи за да ги нападне. Овој предлог Евгениј Пригожин им го дал на своите контакти во украинската воено-разузнавачка служба ГУР, со која одржувал тајна комуникација за време на војната, а сето ова стои во тајните документи на американските разузнавачки служби кои беа објавени преку платформата Discord (Дискорд), пишува весникот The Washington Post.
Весникот не потсетува дека Евгениј Пригожин јавно се скарал со руските воени команданти, за кои до ден денес бесно тврди дека не успеале да ги опремат и да ги снабдат неговите сили и дека не знаат ништо за воената доктрина. Ваквата понуда на Евгениј Пригожин е тешко предавство на Кремљ и неговиот покровител, претседателот Владимир Путин, со кого Евгениј Пригожин не е во добри односи во последно време и со кои веќе нема отворен канал за комуникација.
Објавените тајни документи не појаснува кои позиции на руските војници Евгениј Пригожин сакал да им ги открие на Украинците.
Двајца украински функционери потврдиле за The Washington Post дека Евгениј Пригожин имал неколку разговори со украинската разузнавачка агенција, позната како ГУР. Еден функционер кажал дека Евгениј Пригожин постојано давал понуда за Бахмут, но дека Киев ја одбил затоа што не му верувале на Евгениј Пригожин и верувале дека неговите предлози може да бидат стапица.
Истакнат американски функционер предупредил и дека во Вашингтон имаат слични сомнежи за намерите на Евгениј Пригожин. Во интервју за The Washington Post овој месец, украинскиот претседател Володимир Зеленски не сакаше да ги потврди своите контакти со Евгениј Пригожин.
„Ова е прашање на воената разузнавачка служба“, изјави тогаш украинскиот претседател. Тој, исто така, се спротивставил и на јавното објавување доверливи информации и кажа дека верува оти истекувањето е од корист за Русија.
Како што е познато, Евгениј Пригожин јавно вети дека ќе го осови Бахмут најдоцна до 9. мај, „Денот на победата“. Но, не само што тоа не се случи, туку во градот – кој стана најбруталната кланица за луѓе во светот – приказната се претвори во сосема поинаква насока. Украинците во моментов напаѓаат од сите страни, а руските одбранбени линии околу Бахмут целосно се срушени. Борците на Евгениј Пригожин сè уште цврсто ги држат позициите во самиот уништен град.
Други документи објавени на споменатата платформа за комуникација откриваат дека претставници на Министерството за одбрана на Русија приватно се прашуваат како да одговорат на критиките на Евгениј Пригожин за лошите перформанси на руската војска и неговите барања за повеќе оружје и муниција. Документите, исто така, зборуваат за борба за моќ меѓу Евгениј Пригожин и највисоките воени команданти во Москва, вклучувајќи го и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Според документите, во оваа тензична средина Евгениј Пригожин одржувал тајна комуникација со украинската разузнавачка служба, која покрај телефонските разговори вклучувала и лични средби со офицери на ГУР во неименувана земја во Африка. Познато е дека силите на Вагнер обезбедуваат неколку влади на тој континент. Американските разузнавачи укажуваат дека Евгениј Пригожин жали за големите загуби на неговите сили и ја повикува Украина да удри посилно врз руската редовна армија. Според еден документ, Евгениј Пригожин му рекол на украинскиот разузнавач дека руската армија има проблеми со снабдувањето со муниција. Тој, исто така, ги советувал украинските сили да го нападнат Крим додека моралот на руската војска е низок.
Во воени услови, не е невообичаено спротивставените страни да одржуваат некаков облик на комуникација. Во интервјуто, украинскиот претседател ги карактеризира контактите во духот на добро познатата максима дека треба да се „држат пријателите блиски, а непријателите уште поблиску“.
Протечените документи, исто така, сугерираат дека Киев се сомнева, или можеби знае, дека Кремљ е запознаен со комуникациите на Евгениј Пригожин со украинските разузнавачи. Во еден документ, заснован на прислушуваните комуникации, се наведува дека првиот човек на украинското разузнавање Кирил Буданов очекувал Русите да ги искористат деталите од тајните разговори на Евгениј Пригожин со ГУР и неговите средби со нивните офицери во Африка за да го натераат да се претставува како украински агент. Во документот не е прецизирано дали Кирил Буданов се сомнева дека Москва веќе знае дека Евгениј Пригожин разговара со офицерите на ГУР.
Кога бил информиран дека документите на американските разузнавачки служби ја откриваат неговата комуникација со украинската разузнавачка служба, Евгениј Пригожин ја релативизирал целата ситуација.
„Да, секако дека можам да ја потврдам оваа информација, немаме што да криеме од странските специјални служби. Кирил Буданов и јас се уште сме во Африка“, напиша иронично Евгениј Пригожин во неделата на својот профил на социјалната мрежа Телеграм.