ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА ЈАДЕТЕ МЕСО СЕКОЈ ДЕН ? Врвен нутриционист открива: “Овој орган е најпогоден – бидете многу внимателни!“

Во повеќето куќи во Македонија, ручекот не може да биде целосен без месо, а да не зборуваме за печење кога станува збор за прослави. Колку е здраво и како секојдневното консумирање месо влијае на нашиот организам ?

Нутриционистката Лиза Ричардс зборува за ова во нејзината книга „Диета за кандида“. На почетокот во својата книга напишала дека со конзумирање месо добивате соодветни количества протеини и масти, што е добро за вашето тело бидејќи протеинот е неопходен за градење и зачувување на мускулната маса, а исто така ви помага да останете сити подолго време.

Иако месото содржи многу од амино киселините што му се потребни на вашето тело, тоа не е единствениот извор на аминокиселини. Истата количина на аминокиселини можете да ја најдете во други извори на протеини како јајцата. Меѓутоа, Лиза Ричардс наведува дека секојдневното консумирање месо може да му наштети и на вашето тело.

Јадењето месо секој ден, особено месото со многу маснотии, може да предизвика лошо здравје на кожата со производство на дополнително лачење на природно масло или себум, што доведува до појава на акни и флеки“, предупредува таа.

Исто така, објаснува дека диетите со висока содржина на заситени масти и холестерол се поврзани со дебелината и болестите поврзани со дебелината, како што се срцевите заболувања и хипертензијата. Исто така, секојдневното консумирање месо може да го забави метаболизмот, да доведе до проблеми со косата и кожата, да предизвика главоболки или дехидрација.