Што се случува кога ќе го оставите газираното? Вкусот се менува, а еве какви промени ќе доживеете на вашето тело

Не пијте газирани пијалоци најмалку седум дена и веќе ќе почувствувате промени на подобро, а за неколку месеци вашето тело целосно ќе се освежи, велат експертите.

Газираните сокови имаат силен мирис, а меурчињата ја иритираат усната шуплина. Токму затоа сетилата во усната шуплина стануваат послаби. Откако ќе престанете да пиете сода, особено со оброците, ќе забележите како вашата храна станува повкусна и појасно ќе вкусите кисело, зачинето, слатко…

Освен тоа, ќе бидете и порасположени бидејќи верувале или не, бројните вештачки состојки и адитиви во газираните слатки сокови го забавуваат варењето, ја напрегаат работата на органите, а тоа најчесто е проследено со нервоза, главоболка и раздразливост.

Бубрезите ќе почнат да работат подобро, а нивната улога е да го чистат телото од токсини, очекувајте крвниот притисок да се стабилизира.

Познато е дека поради големото количество на шеќер, овие пијалоци и тоа како влијаат на зголемување на телесната тежина. Без разлика на етикетите на кои пишува диета или нискокалорична, шишињата и лименките имаат многу повеќе калории.

Големото истражување спроведено во неколку европски земји со илјадници испитаници кои секојдневно консумирале газирани сокови, открило дека оваа навика е тесно поврзана со дебелината и дека најчесто таа е виновникот за појавата на лигавици околу половината и стомакот, како и појава на триглицериди, што може да доведе до срцеви заболувања и дијабетес.