Што се случува!? Путин требало да одржи говор, но задоцнил три часа! Кога застанал пред толпата, им го кажал ова (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин задоцни три часа на својот говор на Технолошкиот форум во Москва. Ова е првпат Путин да одржи јавен говор по завршувањето на конференцијата на НАТО во Вилнус, пишува Sky News.

За време на говорот тој нагласи колку е важно Русија да развива свои технологии за да не се потпира на Западот. Тој рече дека руските противници се обиделе да ги ограничат технолошките можности на нацијата, но не успеале.

РУСИЈА ЌЕ СЕ РАЗВИВА НА СВОЈ НАЧИН

Тој изјави дека Русија нема да се откаже и ќе оди напред на свој начин, но без изолација од другите земји.

– Нашите противници очекуваа да се повлечеме, да се предадеме, но тоа нема да се случи, како што често велиме во вакви случаи: Русија само ќе оди напред, на свој начин, но без изолација од другите земји. На надворешните предизвици одговараме само со зајакнување на квалитетот и ефикасноста на работата, со проширување на слободата – рече Путин на Форумот за технологија во иднина, пренесува РИА Новости.

Тој оцени дека зависноста од странски технологии претставува сериозна закана за националната безбедност, како и слабеење и губење на суверенитетот на земјата.

Идниот технолошки форум „Пресметување и комуникации – Квантен свет“ за прпат се одржува во Русија од 9 до 14 јули, а главна тема се квантните технологии.