Ако донесете одлука да престанете да консумирате кафе и друга храна која содржи кофеин, ќе ги забележите краткорочните и долгорочните ефекти што ги има врз вашето тело.
Експертите советуваат полека да се одвикнувате од кофеинот, особено ако моментално консумирате неколку шолји кафе дневно. Добрата вест е дека негативните ефекти од повлекувањето ќе траат само неколку дена, според Eating Well .
Консумирањето на кофеин е поврзано со чести главоболки, а ќе ги имате и ако се одвикнете од него. Кога ќе престанете да го пиете, крвните садови се враќаат во нивната нормална големина и може привремено да предизвикаат главоболки.
Кога ќе престанете да пиете кафе, газирани сокови и друга храна со кофеин, ќе изгубите тежина. Кофеинот го стимулира нашиот дигестивен систем. Откако ќе престанете да го консумирате, може да почувствувате краткорочни проблеми со столицата.
Но, шансите тоа да се случи се мали ако го замените кофеинот со вода и почнете да јадете големи количини на храна богата со растителни влакна како овошје, зеленчук, јаткасти плодови и цели зрна.
Иако може да се чувствувате малку раздразливо и вознемирено кога ќе престанете да пиете кофеин, вашето расположение наскоро значително ќе се подобри. Утрото ќе се разбудите без проблем бидејќи нема да ви треба „гориво“, односно кофеин. Покрај тоа, ќе спиете подобро ноќе.