ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ДУШАН ВЛАХОВИЌ !? Италијанците се сериозно загрижени за Србинот: “Тој доживува психодрама!“
Репрезентативецот на Србија, Душан Влаховиќ моментално ја минува најголемата криза откако дојде во фудбалскиот клуб Јувентус.
Напаѓачот на Јувентус не може да ја пронајде формата во која беше пред повредата која го оддалечи од теренот неколку месеци.
Во неделата Јувентус ја совлада Сампдорија со резлутат од 4:2 во рамки на 26. коло од Серија А, а Србинот не успеа да постигне гол ниту на овој натпревар а немаше ни некоја посериозна шанса за да го загрози противникот.
Тоа за него беше шести последователен натпревар кој не успеа да постигне гол.
Неговата голгетерска пауза е една од главните теми во италијанските медиуми денес. Угледниот спортски весник Gazeta објави опширен текст за кризата во која се наоѓа Српскиот фудбалер, кој пред една година пристигна во Јувентус за неверојатни 80 милиони евра.
Во текстот со наслов „Психодрамата на Влаховиќ: 50 проигрувања, пенал, две стативи, но сепак без гол“, италијанскиот весник истакнува дека Србинот е во најголемата криза во кариерата.
Весникот истакнува дека против Сампдорија Душан се ни обидел да ја затресе мрежата, имал 50 проигрувања со топката, осум удари кон голот – голманот одбрани еден, двапати ја погоди рамката од голот, трипати шутираше широко, а четири пати беше блокиран.
„Сето ова е многу фрустрирачки за Влаховиќ, кој доживува психодрама на теренот. Неговиот мозок врие од желба конечно да постигне гол, а соиграчите работат да му помогнат. Доби шанса и од пенал линијата но Србинот не погоди. Го испрати голманот на едната страна, топката на друга, но ја погоди само стативата“, пишува угледниот весник.
Италијанскиот весник истакнува дека неговиот сонародник – тренерот на Сампдорија Дејан Станковиќ се обидел да го утеши очајниот Влаховиќ на крајот од натпреварот.
Друг италијански весник беше многу поостар кон Србинот. Тие истакнуваат дека Влаховиќ делува несреќно бидејќи не може да постигне гол и дека навивачите станале незадоволни од неговите перформанси и говорот на телото. За натпреварот против Сампдорија му дадоа поразителна оценка од 5.
За потсетување, Влаховиќ сезонава на 26 натпревари постигна десет гола и запиша четири асистенции.