ШТО СЕ СЛУЧУВА СО МЕМОРИЈАТА НА БАЈДЕН? Ова е втор пат американскиот претседател да помеша мртви државници со оние кои сега се на власт

Претседателот Џо Бајден, раскажувајќи го разговорот од 2021 година, двапати го спомна покојниот германски канцелар Хелмут Кол наместо поранешната канцеларка Ангела Меркел.

Тоа беше втор пат оваа недела Бајден да се присети на разговор со европски лидер кој е мртов со години.

Гафовите на Бајден дојдоа на собирање средства во Њујорк додека тој ги опиша разговорите со европските лидери на состанокот на Г7 во Велика Британија.

Средбата се одржала во 2021 година, неколку месеци по немирите во Капитол, пишува NBC News.

Бајден на два настани рече дека Хелмут Кол, кој почина во 2017 година, го прашал како би реагирал ако прочита дека луѓето упаѓаат во британскиот парламент и убиваат офицери „за да го спречат изборот на премиер“.

Меркел беше на таа средба во Велика Британија.

Овие изјави не беа првата конфузија на Бајден со имињата на европските лидери.

Во неделата, Бајден го помеша Франсоа Митеран, поранешниот француски претседател кој почина во 1996 година, со францускиот претседател Емануел Макрон.