Што се случува со нашето тело доколку не внесуваме доволно вода !? Дехидрацијата не е единствениот проблем – овие 5 состојби се многу опасни!
Внесувањето вода е тема за која често многу се дебатира. Сите се заинтересирани за количината што треба да ја внесуваме на дневна основа, а главниот одговор е дека треба да пиеме околу осум чаши обична вода секој ден. Освен дехидрацијата како директна последица на ваквото однесување, ретко кој знае што всушност тоа значи за нашиот организам. Што всушност се случува кога консумираме помалку од потребните количини на оваа важна течност ?
Слаба концентрација
Студијата од 2011 година на Институтот за психијатрија на Кралскиот колеџ во Лондон покажа дека намалениот внес на вода влијае на бројот на „сиви“ клетки што треба да ги користиме кога решаваме задача. Жедните испитаници морале да работат повеќе за да ја решат задачата, за разлика од оние кои пиеле доволно количество вода.
Побавно согорување на калории
Независна студија нарачана од д-р. Хауард Мурат за неговата книга „Тајната на водата“ од 2010 година покажала корелација помеѓу стапката на метаболизмот и количината на потрошена вода. Секако, калориите се согоруваа побрзо кога телото беше подобро хидрирано. Докторот открил и дека водата ја измазнува кожата, ја спречува појавата на брчки и го намалува бледилото на кожата на лицето.
Јадеме повеќе
Луѓето кои пијат две чаши вода пред оброк, внесуваат 75 до 90 калории помалку од луѓето кои не пијат вода. Овие резултати се добиени од страна на истражувачите од Американскиот институт за јавно здравје и истражување на водата при спроведување на студија на возрасни субјекти во 2010 година. Испитаниците кои пиеле дополнителна вода изгубиле околу три килограми за време на тримесечното испитување.
Нерасположени сме
Во 2009 година, истражувачите од американскиот универзитет Тафтс побараа од веслачите од двата пола да се впуштат во енергични едночасовни аеробни вежби со малку внесување вода за време на тренингот. Групата која земала мали количини вода доживеала класични симптоми на дехидрација како што се замор и несвестица, а истражувачите забележале и чувство на лутина, депресија и напнатост.
Полесно се разболуваме
Повторената дехидрација на телото ја намалува функционалноста на поединечните органи, но и на телото во целина, па не е чудно што недостатокот на вода го поврзуваме со лесна болест. Луѓето кои пијат малку вода, на пример, имаат поголема веројатност да развијат проблеми со уринарниот тракт и бубрезите отколку луѓето кои пијат соодветна количина на вода.