Како да се заштитите од сонцето и да добиете темна кожа ? Експертите открија што мора да содржат кремите – погледнете

Изложеноста на сончева светлина го стимулира ослободувањето на серотонин, кој го подигнува вашето расположение и ви помага да се опуштите. Ако поминувате повеќе време на отворено, вашата кожа природно ќе потемни и ќе се чувствувате подобро и психички и физички.

Сè додека користите крема за сончање, да се биде надвор во летните месеци е добро за вашето здравје – свеж воздух, витамин Д за подобрување на расположението и мотивација за многумина да вежбаат и да се хранат здраво. Сонцето не прави да изгледаме поубаво, кожата ни е посветла и дамките се помалку видливи… Бонус за жените е што помалку се шминкаат и на тој начин и дозволуваат на кожата да дише.

А кои креми за сончање се најефективни и како најдобро да се заштитите од штетното УВ зрачење ? Денес има огромна понуда од овие препарати кои воопшто не се евтини, а од каде знаете дека сте го избрале најдоброто ? На што треба да обрнете внимание, кои состојки да ги барате ?

Експертски совет е да извршите пилинг на лицето и телото и да ги отстраните мртвите клетки од кожата пред да излезете на сонце. Следниот чекор би бил да изберете крема за сончање која на кожата и обезбедува 12-часовна хидратација, како и оптимална заштита од УВА и УВБ.

Ако сте чувствителни на мириси, изберете ги оние со ароми кои ве задоволуваат. Додека ги вдишувате овие пријатни мириси, миризливиот систем (делот од мозокот поврзан со мирис) ќе се стимулира, помагајќи ви да се опуштите и расположите.

Она што ги загрижува многумина кои едвај го чекаат летото за да „потемнат“ е можноста кремите со SPF фактор, оние кои штитат од сонце, всушност да го спречат потемнувањето. Дали кремот за сончање го намалува потемнувањето ?

Експертите категорично велат не. Кремите за сончање ги филтрираат штетните УВ зраци, но не и меланинот кој дава темна кожа. Всушност, нанесувањето крем за сончање ќе ви помогне да „облечете“ поинтензивен, но и порамномерен тен.