Тренчевска и градоначалникот на Тургутул се сретнаа на настан во чест на одбележувањето на 100 години модерна Турција

– Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, учествуваше на настан во чест на одбележувањето на 100 години модерна Турција, како дел од  свечената делегација предводена од страна на градоначалникот на Тургутул, Четин Акин.

Тренчевска го искажа своето задоволство за присуството на важниот настан за Турција и посочи дека за неа претставува особена чест да биде дел од свеченоста за 100 години модерна Турција.

Од Министерството за труд и социјална политика известуваат дека по настанот, Тренчевска заедно со делегацијата од нашата држава остварија средба со градоначалникот на Тургутул, Четин Акин, на која разговараа за случајноста да потекнуваат од струмичкиот дел од нашата земја.

Градоначалникот Акин истакнал дека потекнува од Ново Село, Струмичко и дека потекнува од сиромашно семејство кое се занимавало со земјоделие. Тој исто така нагласил дека  благодарение на Република Турција, неговата посветеност и вложувањето на голем труд, без разлика на тоа дека потекнува од скромно семејство, тој денес е градоначалник на Тургутул. Затоа, како што рекол, денешниот ден за него има големо значење.

На средбата исто така разговарале и за добрите односи на Општина Тургутул со Општина Чашка и посочиле дека во наредниот период ќе се интензивира соработката помеѓу двете општини.

Тренчевска и Акин нагласиле дела дека Република Северна Македонија и Турција се две братски држави и дека тоа и во иднина нема да се промени, известуваат од МТСП.