Застрашувачка снимка: Возел слалом по автопат со брзина од 220 км/ч, заврши под тркалата на трактор (видео)

На YouTube каналот Street Demon објавено е видео од страшна сообраќајна несреќа предизвикана од 27-годишен возач на Honda CBR600RR.

Инцидентот се случил пред неколку месеци, а видеото од лудото возење го објавил на својот канал возачот на Хонда.

Како што ќе видите на приложеното видео, возачот на Хонда возел слалом меѓу автомобили на автопатот во Флорида со брзина и до 225 км/ч. Тој снимил четири минути чисто лудило со поставена камера на неговото возило.

„Јас го нарекувам несреќа, но реално, тоа беше моја вина“, вели во својата исповед возачот на Хонда.

Иако по неверојатна среќа го преживеал ужасот на автопатот, возачот се здобил со дваесет скршеници, заедно со оштетено белодробно крило, раката му била скршена на две места, ребро и неколку коски на ‘рбетот.

Под видеото има исклучиво негативни коментари од луѓе кои брутално го навредуваат и наведуваат дека со своето лудо возење можел да убие нечие семејство.

Но, возачот на Хонда тврди дека ја научил лекцијата:

„Целосно ја разбирам омразата насочена кон мене, бев глупав и ги ставив на ризик туѓите животи. Дозволувам адреналинот да ја преземе контролата врз моите постапки. Но, ја научив лекцијата. Ако сакате мотоцикли, земете го ова видео како предупредување“, заклучил возачот на Хонда.