КАКВА СРЕЌА! Компанија по грешка на вработениот му исплатила 367 пати поголема плата, а тој одбил да ги врати парите! 

Вработен во унгарска компанија наместо форинти по грешка примил плата од 92.549 евра, па добил 367 пати повеќе пари отколку што му следувале.

Човек кому компанијата му го прекинал работниот однос пред истекот на пробниот период и дал на компанијата сметка во австриска банка за да ја исплати преостанатата плата. Компанијата на таа сметка префрлила 92.549 евра наместо 92.549 унгарски форинти што му ги должела, а се во вредност од 238 евра.

Набргу потоа, компанијата ја открила грешката и побарала од човекот да го врати вишокот. Тој одбил да го стори тоа, оправдувајќи се на различни начини. Меѓу другото, тој им кажал дека нема пристап до сметка во австриска банка.

Истовремено од банкомат во градот Капошвар на југозапад од Унгарија подигнал околу 15.000 евра. Бидејќи поранешниот вработен упорно одбивал да и го врати вишокот на компанијата, обвинителството во Капошвар поднел обвинителен акт против него.

Против него е поднесена кривична пријава за злоупотреба на средства, објави во средата обвинителството, а пренесуваат тамошните медиуми. Австриските власти успеале да и вратат поголем дел од парите на оштетената компанија.

Обвинителството во Капошвар бара да се изрече парична казна и да се надомести преостанатата штета на компанијата.