Реал Сосиедад ги однесе сите три бода на гостувањето против Барселона

Фудбалерите на Барселона вечерва беа поразени на „Камп Ноу“ против Реал Сосиедад со резултат 1:2 откако во последното коло од Ла Лига ја потврдија титулата шпански првак.

На гостите им беше потребна победа за да ја задржат четвртата позиција која води во Лигата на шампионите, додека Барса на четири кола пред крајот на првенството влезе во мечот без никаков притисок. Ова воедно е прв пораз на домашен терен на новиот шпански шампион.

Сосиедад поведе во петтата минута со голот на Мерино, а Сорлот во 72. минута зголеми на 0:2.

Почесниот гол за домашниот тим го постигна Левандовски во 90. минута, со што ова е негов 22. гол во дебитантската сезона во Примера.

Барса е прва со 85 освоени бодови, а втор е Реал Мадрид со 71 и натпревар помалку. Трет е Атлетико Мадрид со 69 (игра помалку), а Реал Сосиедад со 65 бодови.