Почина Мерван Илјази, младиот тренер на фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново

Почина Мерван Илјази, младиот тренер на фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново кој настапува во Третата македонска лига.

Информациите велат дека Илјази бил погоден од залутан куршум и се бореше за својот живот, но за жал не успеа во таа битка.

Веста за неговата смрт ја објави и фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново кој изразува сочувство до семејството за оваа голема загуба.

Денеска третолигашкиот натпревар меѓу Шкендија Арачиново и Ринија започна со едноминутно молчење.

Инаку фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново игра оваа натпреварувачка сезона во Третата лига – Север.