ВИДЕО | ДРАМА НА НЕБОТО – При полетувањето, авион кој се упатувал кон Москва бил директно погоден од гром – погледнете!

Гром удрил во авион на руската авио-компанија „Aeroflot“ за време на лет од Владивосток до Москва, но летот не бил прекинат, објави руската државна агенција РИА Новости повикувајќи се на извор од воздухопловната индустрија.

Неколку руски медиуми и канали на социјалната мрежа Телеграм го објавија видеото, кое наводно било снимено за време на летот од Владивосток до Москва.

Видеото покажува монитор во авионот на кој се гледа како гром удира на страната меѓу крилата додека авионот полетува.

Погледнете го видеото ОВДЕ.

Громот удри на страна, луѓето рекоа дека слушнале звук. Немаше никакви последици“, потврдил изворот за споменатиот медиум.