ОВАА ХРАНА Е ЗАБРАНЕТА ВО САД, А МАКЕДОНЦИТЕ ЈА ОБОЖАВААТ – Родителите им ја даваат на децата, а многумина не внимаваат и не знаат за опасноста

Соединетите Американски Држави (САД), според многумина, ветената земја, и покрај високото ниво на слобода и богатство, имаат многу, најблаго речено, бесмислени прописи. 

Некои многу вообичаени работи кај нас и во остатокот од светот можат да бидат забранети во САД, бидејќи сметаат дека се смртоносни и опасни по здравјето, а овој пат ќе се фокусираме на оние поврзани со храната.

КИНДЕР ЈАЈЦЕ – Киндер јајцето е измислено во Италија во 1972 година. Станува збор за чоколадо во форма на јајце во кое има пластична кутија со играчка. Иако овој десерт е популарен во повеќето земји, вклучително и Македонија, откако се појави на пазарот, во Соединетите Американски Држави со закон го забранија, пишува Punkufer.

Владата на САД ги забрани Киндер јајцата токму поради играчката во пластична кутија, која ја гледа како потенцијална опасност за малите деца, кои можат да ја проголтаат и да се задушат. Киндер јајцето не само што не може да се купи во продавниците во САД, туку ќе биде одземено на аеродромот доколку се обидете да го внесете во земјата.

КОЊСКО МЕСО – Истражувањата покажуваат дека коњското месо е исклучително здраво – богато е со протеини и железо, а има низок процент на масти. Иако не е нелегално да се јаде коњско месо во САД, нелегално е да се продава коњ за човечка исхрана.

Некои држави како Тексас конкретно забрануваат продажба или колење на коњи наменети за човечка исхрана. Забраната е предизвикана од неконтролираното давање на опасни лекови на коњите пред колењето во САД, што може да биде опасно и за здравјето на луѓето.

ЦРН ДРОБ ОД ГУСКА – Забраната доаѓа поради насилниот начин на хранење на гуските. Младите гуски се полнат со храна, обично пченка, додека црниот дроб не отече до осум пати од природната големина. Отечениот црн дроб потоа се користи за подготовка на паштета.