Конечно некој да биде искрен! Дракслер: „Отидов во Катар за пари“

Германскиот фудбалер Јулијан Дракслер летово го смени клубот и се пресели во Катар. Поранешниот играч на ПСЖ сега е член на тимот на Ал Ахли.

– По 12 години во Европа, сакам да запознаам нова култура, да стекнам ново искуство и да учествувам во интересен проект за промоција на арапскиот фудбал. Сепак, би излажал ако не признаам дека парите се главната причина за доаѓањето во Катар“, изјави Дракслер.

Дракслер во кариерата играше за Шалке, Волфсбург, ПСЖ и Бенфика, а смета дека квалитетот на фудбалот на Арапскиот Полуостров не е толку лош.

– Постојат одредени заблуди. Верувајте дека има тимови кои можат да се натпреваруваат со европските тимови – вели Дракслер.