Искасапен маж во Смедерево: Последните детали за грозоморното убиство во близина на маркет, ја продал куќата и купил кафеана, па внатре бил пронајден мртов

Мажот З.И. (68) од Смедерево, чие тело е пронајдено во објект во близина на Зелениот пазар во овој град, бил сопственик на кафеаната каде што бил пронајден мртов.

Според првите информации, во истрагата било утврдено дека Ж.И. бил расечен на вратот и имал повеќе убодни рани на градниот кош.

– Пред извесно време ја продаде куќата и ги купи просториите во кои беше пронајдено неговото тело – вели извор запознаен со случајот.

Полицијата изврши увид, а по наредба на Вишото јавно обвинителство Смедерево, полицијата врши разговори, прибирање индиции и одземање на снимки од видео надзорите.

Сторителот на убиството во моментов се води како непознато лице.