„Имав се*с со тетка ми и сестра ми“ Потресна исповед на поранешен фудбалер: Татко ми ја жртвуваше мајка ми во ритуално убиство заради мојата кариера! (фото)

Поранешниот репрезентативец на Габон и поранешен напаѓач на бројни француски клубови, Шива Нзигу, своевремено се најде во центарот на вниманието, кој ја отвори душата и откри шокантни детали од приватниот живот и кариерата.

Поранешниот фудбалер на Нант и Ремс пред неколку години во исповед за француските медиуми реши да ги открие сите свои гревови од минатото. Прво призна дека фалсификувал документи за да ја лажира неговата возраст, а потоа ја шокира планетата со запрепастувачки откритија кои немаат никаква врска со спортот и фудбалот.

Тој рече дека неговиот татко ја жртвувал мајка си со ритуално убиство за доброто на фудбалската кариера на Нзигу, додека тој играл за Нант.

,,Мајка ми е мртва и сакам да признаам дека е жртвувана. Јас ги потпишав договорите и татко ми ги сакаше парите за себе, ми рече дека ќе ја убие мајка ми ако не му ги дадам. Јас протестирав, но тој го стори тоа за да духот би ми помогнал да напредувам во фудбалската кариера“, откри тогаш Нзигу.

Следуваше уште пошокантно признание.

„Кога бев помлад, два пати имав секс со тетка ми. Тоа го правев и со сестра ми, а потоа спиев со маж“, рекол поранешниот фудбалер.

Нзигу забележа 24 настапи за репрезентацијата на Габон и постигна 5 гола. Интересно е тоа што во 2000 година стана најмладиот стрелец во историјата на Африканскиот куп на нации, кога постигна гол во поразот од Јужна Африка. Во тоа време, наводно, имал 16 години и 93 дена.

Сепак, се покажа дека лажел за своите години.

,,Јас сум пет години постар. Лажев за моите години кога отидовме во Франција“, призна подоцна поранешниот напаѓач.