Ова дете е чудо! Уште нема 18 години, а има нозе како бодибилдер! Луѓето гледаат на оваа слика со неверување! (ФОТО)

Младиот Бразилец Ендрик важи за еден од најголемите таленти во светот, па многумина веќе му предвидуваат успешна фудбалска кариера. Иако има само 17 години, се чини дека ова дете е веќе подготвено за вистински фудбал, а целиот свет зборува за неговата фигура.

Поточно, фотографиите од неговите нозе ги „запалија“ социјалните мрежи, а навивачите на Реал Мадрид се пошегуваа на негова сметка.

– Ова момче има поразвиени нозе и од бодибилдер – гласи еден од многуте коментари.

Да потсетиме, фудбалскиот клуб Реал Мадрид на крајот на минатата година постигна договор со Палмеирас за трансфер на талентираниот 16-годишен бразилски напаѓач Ендрик Фелипе.

Младиот фудбалер ќе се пресели во Реал кога ќе наполни 18 години, а дотогаш ќе игра за Палмеирас.

За услугите на овој талентиран Бразилец шпанскиот гигант плати дури 60 милиони евра.