Што се случува со нашето тело по само една непроспиена ноќ?

Иако спиењето во текот на ноќта е неопходно за човечкото тело да биде подготвено за секојдневно функционирање, многу луѓе зад себе имале непроспиена ноќ. Но, иако една непроспиена ноќ можеби не изгледа толку многу, таа може да има штета на вашето тело.

Според препораките на здравствените организации, возрасните треба да спијат меѓу шест и девет часа навечер, а недостатокот на сон може да го зголеми ризикот од многу здравствени проблеми.

Сепак, според новите студии, само една непроспиена ноќ може да биде штетна за вашето тело.

Имено, кога ќе поминете повеќе од 18 часа без сон, крвниот притисок ќе почне да ви расте, а тоа го зголемува ризикот од срцев или мозочен удар. Покрај тоа, една непроспиена ноќ може значително да го намали нивото на тестостерон кај мажите.

Докторот Андреј Зинчук наведува дека недостатокот на сон може да го оштети вашиот мозок и да влијае на вашата интеракција со луѓето, може да предизвика раздразливост, да го зголеми стресот и да ја намали концентрацијата.

Инаку, лошиот сон го зголемува ризикот од дебелина и дијабетес, срцеви заболувања, губење на меморијата и други болести.

Според Healthdirect, недостатокот на сон може да го зголеми нивото на допамин во вашето тело. Иако тоа звучи како добра вест бидејќи колку подолго останувате будни, толку подобро ќе ви биде расположението, лекарите советуваат воопшто да не го правите тоа. Тие препорачуваат слободното време да го искористите за прошетка или некоја друга физичка активност.