Џенифер Лопез во последно време се бранува со нејзините апа-драпа изданија, кои се повеќе потсетуваат на бездомник.
Несомнено е дека актерката и пејачка Џенифер Лопез некогаш важела за дама која е со стил во секое време, дури и кога ќе вежба.
За нејзините модни изданија на црвениот тепих се зборуваше со денови. Меѓутоа, во последно време како да одлучила да се „откаже од се“ и да се сврти кон таканаречениот „бездомник“.
Наместо класична елеганција или дури уреден, лежерен стил, Џенифер можеме да ја видиме само во апа-драпа изданија.
Ова не се однесува само на облеката, туку и на нејзината коса , која често е валкана и масна, додека нејзините чевли понекогаш изгледаат премногу големи.
Јасно е дека секој сака понекогаш да се опушти и дека дури и јавните личности не можат секогаш да бидат совршено средени, но ако вака продолжи, изгледа дека Џенифер целосно ќе залута.
Погледнете ги нејзините неодамнешни изданија:

