ШТО СЕ СЛУЧУВА СО РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ ? Вакво нешто не памети последните десет сезони, а Барселона веќе има замена за искусниот Полјак !?

Што се случува со Роберт Левандовски ? Полскиот напаѓач на Барселона немаше шут кон противничкиот гол на натпреварот од Лигата на шампионите против Шахтјор Доњецк, а на последните шест натпревари нема постигнато гол, што не му се случи во последните десет сезони. Тој го имаше најлошиот „сушен период“ помеѓу декември 2010 и февруари 2011 година, кога не постигна гол на десет последователни натпревари.

Оваа ситуација е „непозната“ за 35-годишникот. По трансферот од Баерн Минхен во Барселона минатата сезона, тој го предводеше каталонскиот гигант до титулата шпански првак, а сега ја бележи најлошата статистика во последните девет сезони. На 12 првенствени натпревари постигна 6 гола и 3 асистенции, а за споредба минатата сезона како играч на Барселона постигна 12 гола по 12 првенствени натпревари.

слика
Роберт Левандовски

До оваа сезона, Полјакот постигна најмалку десет гола на првите 10 натпревари во последните четири сезони. На пример, во сезоната 2021/22 тој постигна 13 гола во тој период, а во сезоната 2020/21 14 гола и 5 асистенции.

Минатата сезона Роберт Левандовски се пожали во интервју за Eleven Sports:

Ние сме Барселона и од нас не се очекува само победа, туку и да играме добар напаѓачки фудбал. Во последно време тоа навистина не беше случај и се мачевме да создаваме шанси. Видовме дека кога влегуваат Феран и Ансу, двајца офанзивни играчи, создаваме повеќе шанси. Понекогаш не играме со доволно офанзивни играчи, па немам поддршка и затоа ги барам најдобрите решенија за тимот“.

А исто така факт е дека Роберт Левандовски е малку „заглавен“ во дресот на полската репрезентација за која во последните две години постигна 6 гола на 15 натпревари.

Соочени со оваа ситуација во Барселона, тие имаат два избора: првиот е да го вратат Роберт Левандовски во одличната напаѓачка форма и да му создадат идеален состав и услови во кои најдобро се снаоѓа, додека вториот е да се обезбеди што побрзо доаѓањето на 18-годишниот Бразилец Витор Роке, кому Атлетико Паранаенсе му плати 30 милиони евра. Првично беше договорено тој да премине во Барселона од сезоната 2024/25, но во случај да продолжат проблемите со ефикасноста на Роберт Левандовски, клубот би можел да одлучи да му се приклучи многу порано.