Млекото има многу здравствени придобивки, но и покрај тоа, во последните години се здоби со негативна репутација.
Поради сето ова, многумина се префрлија на хербални алтернативи, но диететичарите сепак тврдат дека секако е здраво за повеќето луѓе да пијат една чаша кравјо млеко.
Млекото е богато со хранливи материи и здраво е да се консумира секој ден. Полн е со калциум, калиум, магнезиум, протеини, а доколку не сте алергични на млеко или лактоза, тогаш нема причина да не го консумирате.
Покрај тоа што е добар за коските, помага и во управувањето со тежината и го подобрува здравјето на срцето благодарение на високото ниво на калиум.
Млекото исто така го намалува ризикот од деменција, добро е за имунитетот и го подобрува расположението благодарение на аминокиселината триптофан, која ни помага да се смириме, а исто така е поврзана и со квалитетот на сонот.