Што сè знаеме за убиството на Вања: Еден детаљ сè уште е непознат

Целиот регион беше шокиран од бруталното убиство на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска од Скопје, кое исчезна на 27 ноември, а нејзиното тело беше пронајдено на 3 декември во едно селце на периферијата на главниот град на Македонија.

За нејзиното убиство осомничени се пет лица, меѓу кои и нејзиниот татко кој негира дека е вмешан, а главен осомничен е Љупчо Палески Палчо кој е во бегство.

Денеска полицијата и обвинителството открија бројни детали од ова грозоморно злосторство што ја поцрни Македонија. Имено, се верува дека девојчето било киднапирано за да побараат пари за откуп од нејзината мајка Зорица.

На кобниот 27 ноември Вања тргнала на училиште околу 07:20 часот. Десет минути подоцна таа беше недостапна. Нејзината загрижена мајка веќе го пријавила нејзиното исчезнување во полиција околу 7:35 часот. Не знаела дека ќерка и’ е киднапирана штом излегла од станот… Надвор киднаперите и’ ги врзале рацете и нозете, ја ставиле во вреќа за спиење и ја ставиле во цитроенот на Панче Жежовски, фризер од Велес за кој се верува дека е убиен неколку дена претходно.

Во Цитроенот биле двајцата осомничени, а пред нив возело рено канго. Двете возила се упатиле во правец кон селото Бразда, на периферијата на Скопје, каде што по неполни три часа со истрел од пиштол ја убиле малата Вања, а подоцна го запалиле возилото Цитроен.

Има директни докази дека таткото на малата Вања го известил Љупчо кога девојчето ќе излезе од станот, беше кажано на денешната прес-конференција. Не се знае дали во возилата кои учествувале во киднапирањето на девојчето бил и Љупчо. Она што се знае е дека тој на 30 ноември избегал од Македонија и тој ден влегол во Србија и стигнал до Белград.

Според полицијата и обвинителството, Палчо заминал во Белград во придружба на неговиот адвокат Васко Стојков. Според Стојков, Палчо го замолил да го вози на некои прегледи, бидејќи немал автомобил. Адвокатот тврди дека не знаел ништо за тоа дека Палчо е вмешан во исчезнувањето на девојчето. Како што изјави, се вратил во Скопје, а Палчо останал на прегледи во Белград.

Следниот ден Палчо побегнал во Бугарија. Сè уште не е јасно каде се наоѓа и по него е распишана меѓународна потерница.

Полицијата викендов соопшти дека за кривичното дело се осомничени пет лица. Тројцата се донесени на распит, а таткото на Вања синоќа беше донесен во полициска станица за да даде изјава.

Според официјални лица, тројцата осомничени признале кој каква улога имал во киднапирањето и убиството.

Во прашање се Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски. Како што се наведува, тие ја признале вмешаноста во киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска, но и на Панче Жежовски, во чиј автомобил ја ставиле Вања на денот кога била киднапирана.

Според обвинителот, Вања била убиена на 27 ноември околу 10 часот, а според осомничените, детето било убиено „бидејќи работите излегле од контрола“.

Мајката, како и сите граѓани на Македонија, се надеваа дека Вања е жива и се организираше опсежна потрага по неа … Исчезнувањето на девојчето го крена на нозе цел Балкан, а информациите за неа и нејзини фотографии беа споделени на социјалните мрежи.

Сепак, по убиството, осомничените сакале да продолжат да бараат откуп. Според информациите, мајката на Вања го продала станот и сакале да и’ побараат пари. Сепак, не е познато колкава сума пари сакале да побараат за Вања.

Дури кога беше пронајден запалениот „цитроен“, топката почна да се расплетува, а потоа синоќа стигна најлошата можна вест – малата Вања е пронајдена мртва. Телото е испратено на обдукција, која треба да открие како точно е убиено девојчето.

Вчера беше пронајдено и телото на Жежовски.

На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, додека потрагата по монструмот Љупчо продолжува.

Убиен фризер од Велес поради долг од 500 евра и кражба на автомобил за киднапирањето на Вања?

На прес-конференцијата беше соопштено дека се поврзани случаите со убиството на велешкиот фризер и малата Вања. Панче Жежовски (74) беше киднапиран од својот дом на 22 ноември. Тој е убиен и закопан на патот Велес-Скопје, а се сомнева дека е избран за жртва од повеќе причини.

Имено, како што беше речено на денешната прес-конференција, велешкиот фризер имал долг кон Палчо од 500 евра, а истрагата ова го гледа како можен мотив за убиството.

Според информациите од истрагата, целта била да му се украде возилото „цитроен“ за со истото да се киднапира сега убиената Вања Горчевска.

– Мотивот за убиството на Панче бил должничко-доверителска врска со еден од осомничените. Панче на еден од осомничените му должел 500 евра и на тој начин бил избран за жртва од која ќе биде одземен автомобилот а девојката ќе биде киднапирана со него – изјави обвинителот Гаврил Бубевски.

Убиството на Жежовски, според досегашните сознанија и тврдења на обвинителот Гаврил Бубевски и министерот Оливер Спасовски, го извршил Љупчо Палески Палчо.

Инаку, од киднапирањето на Панче на 22 ноември до киднапирањето на Вања на 27 ноември, ова возило не било во движење, никаде во градот не било снимено од камери.