Што чита Горан Иванишевиќ додека Новак Ѓоковиќ игра на теренот ? Камерите откриваат интересен и непознат детал за тренерот на најдобриот тенисер во светот – погледнете

Српската тениска репрезентација во состав на Олга Даниловиќ и Новак Ѓоковиќ учествува на купот на Јунајтед во Перт, Австралија.

До Новак Ѓоковиќ и Олга Даниловиќ е селекторот Виктор Троицки, но на трибините е и тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ. Хрватскиот стручњак секако е тука бидејќи се финализираат подготовките за Австралија Опен, првиот Грен Слем сезонава.

И додека Новак Ѓоковиќ и Олга Даниловиќ играа двојки против кинеската двојка Женг и Џанг, Горан Иванишевиќ читаше книга на трибините.

Камерите ја снимија оваа необична ситуација и открија и дека Горан Иванишевиќ е љубител на јапонската филозофија.

Тоа е книгата „Можеби“ од Коби Јамада. Книгата ги следи магичните авантури на девојка која ги споделува своите идеи со светот и по вокација е наменета за деца. Но, тоа е всушност книга која има многу подлабоки мисли.

Ова е приказна за сè што ќе направите и за се што можете да бидете. Тоа е приказна за сите можности што стојат пред вас. Тоа е за она што сте сега и за сиот магичен, неограничен потенцијал што го поседувате во вас“, напишал авторот на книгата во описот.