ШТО ЈАДЕ НОВАК ЃОКОВИЌ? Оваа готвачка се грижи за исхраната на српскиот ас – се запознале на НЕВЕРОЈАТЕН начин, а нејзината приказна е ХИТ (ВИДЕО)

Љубица Комлениќ е без конкуренција една од најуспешните готвачки од овие простори, а нејзината приказна е многу интересна.

– На 19 години отидов во Италија со еден куфер во рака и направив кариера. Сега сум единствената жена во светот на кулинарски судии со максимална лиценца А категорија и им судам репрезентации на светски натпревари каде има 200 Мишелин готвачи од една до три ѕвезди кои ги обучувам во кулинарската техника за која сум специјализирана. Тоа го велам затоа што 12 години готвиме со ултразвук, односно ултразвучна техника – рече Љубица во емисијата „Кец до единаесет“ на телевизијата К1.

Познато е дека Љубица се грижи за исхраната на Новак Ѓоковиќ за кого има само пофални зборови.

– Новак е пред се пријател и се што направив за него беше пријателски. Се запознавме во Италија. На сакото го пишуваше моето име и презиме и таму ме препознаа неговите родители и тој. Така се запознавме. По два месеци почнавме да работиме заедно. Новак е прекрасна личност – истакнува Љубица.

Познатата готвачка потоа зборуваше подетално за исхраната на Новак.

“Не е здраво да јадете без глутен, ако немате проблем, бидејќи тестото без глутен содржи скроб и не се препорачува било каква подготовка на јадењата без глутен, ако некој не знае или не е образован за тоа. Обично го земаат скробот за да се спојат компирите за да се направи веганска плескавица. Тие се превртуваат еднаш, двапати, а тој скроб останува жив. Скробот се претвора во обичен шеќер во нашето тело и тоа води до проблеми. Тоа е нешто што треба да се проучува. Кујната е наука, тематика, физика, хемија и потребна е дисциплина. Кога станува збор за исхраната на Новак, сосема е во ред, бидејќи тој внесува доволно протеини, сол, витамини, минерали, комплетни хранливи материи кои му се потребни и на здрав начин. Ако јадеме месо кое е пржено на 200 степени пет часа во рерна, за да се направи добра ‘рскавица и се согорува таа маснотија, се претвора во негативен холестерол. На овој начин ги уништуваме сите протеини. Не велам дека не треба да јадете јагнешко, свинско, ќебапи, плескавици… Имаме добра храна која има неверојатен вкус, но мора да ја префрлиме на нова кулинарска техника, да го задржиме вкусот, но тоа да го направиме поздраво”.