Веднаш по појадокот доаѓа кафе, а потоа Путин поминува малку време во теретана.
За почеток, појадокот доаѓа доцна за Путин бидејќи се буди доста доцна. Обично појадува напладне, најчесто омлет или овесна каша, со јајца од препелица и чаша овошен сок. Веднаш по појадокот, време е за кафе, а потоа Путин поминува малку време во теретана.
Се храни здраво и избегнува слатки
И ако му веруваме на видеото емитувано на Russia Today во 2015 година, Путин сака одвреме-навреме да појадува бифтек. Имено, на снимката се гледа како Путин и тогашниот руски премиер Дмитриј Медведев готват стек на скара и уживаат во шолја чај наутро по теретана.
Познато е и дека Путин се храни здраво, а омилен зеленчук му се доматите, краставиците и зелената салата. Претпочита риба, иако омилено месо му е овчо, а избегнува и слатки. Покрај тоа, тој наводно обожава овошје и кефир, попладне воопшто не јаде, а понекогаш и ја прескокнува вечерата поради работа. Кога патува, рускиот претседател сака да ја проба локалната кујна.
Тој избегнува алкохол, но сака сладолед
И покрај стереотипите дека сите Руси сакаат вотка, Путин не е еден од нив – тој не сака алкохол, особено вотка, која Москва Тајмс ја опиша како „најлошиот непријател на Путин“. Некои извори велат дека тој пие само на официјални приеми.
А според Ања фон Бремзен, соработник на порталот „Храна и вино“, Русите сакаат сладолед, и покрај температурите кои честопати се движат под нулата во Русија. Еден од нив е секако Путин, а сладоледот со вкус на ф’стаци е на самиот врв на неговата листа на омилени јадења.
Сака и ресторани, а има и личен дегустатор на храна
Владимир Путин, исто така, од време на време излегува на ручек или вечера во ресторан и има барем еден омилен ресторан во речиси секој поголем руски град. Во Санкт Петербург тој често јаде во ресторанот New Island, ресторан на бродот, чие мени вклучува специјалитети како салата од рак од Камчатка, телешко Орлоф и филе од пастрмка.
Неговото омилено место во Москва е Царскаја Охота, луксузен ресторан фаворизиран од политичката елита и познат по традиционалните руски јадења и пити. Освен него, Путин повремено го посетува и Пивнушка, германски паб и ресторан за кој се вели дека го има најдобриот братвурст во Москва.
Според тоа, Путин сака да јаде фини работи, но никогаш не е премногу внимателен, без разлика дали е дома или на патување. Секое јадење мора да се проба пред да се јаде, за случајно да не се отруе.