Што јаде Ѓоковиќ преку ден? Ова се оброците на Новак благодарение на кои познатиот тенисер останува во одлична форма (Фото)

Новак Ѓоковиќ е најдобриот светски тенисер на сите времиња. Успеа да го направи она за што многумина само сонуваа – во кариерата освои 23 Грен слем титули. Познатиот тенисер многумина го сметаат за најдобар тенисер на сите времиња, а често истакнува дека внимава на исхраната и тренинзите. Тој еднаш коментираше колку му било важно да јаде храна за време на натпревар.

– Банани, урми и вода, навистина не ми е јасно, секој натпревар е исто. Моите луѓе уште уште не разбираат. Ми носат јаболко. Какво јаболко, човеку. Потоа ми носат круша но не и урми. Па, ми носат витамини, секакви работи – им се насмевна Новак на насобраните новинари.

Познато е дека од исхраната ги исфрлил млечните производи, црвеното месо, глутенот и шеќерот. Во текот на денот се труди да пие многу вода, а не поминува ниту едно утро штом ќе се разбуди да не испие чаша млака вода со лимон. Тој, исто така, се грижи оброците да му бидат приближно во исто време, а зема утринска ужина само ако му е потребна. Многу често пие сок од целер на празен стомак.

Ова е менито што го користи Новак Ѓоковиќ:

Прв ден

Појадок: Вода и две лажици мед. Потоа јаде мусли направени од органски овес, брусница, суво грозје, семки од тиква или сончоглед, бадеми;

Утринска ужина (по потреба): леб без глутен или крекери со авокадо и туна;

Ручек: Салата од мешан зеленчук, тестенини примавера без глутен (по желба може да се користат тестенини од ориз, тиквички, аспарагус, сушени домати и веганско сирење);

Попладневна ужина: Јаболко со путер од кашу, диња;

Вечера: Кељ, Цезар салата (кељ, анасон, киноа и борови ореви) плус прелив (вклучувајќи аншоа или сардини), супа од минестроне, филети од лосос со печени домати и маринада.

Втор ден

Појадок: Вода, две лажици мед, банана со путер од кашу, овошје;

Утринска ужина (ако е потребно): Тост без глутен со путер од бадем и мед;

Ручек: Салата од мешан зеленчук, зачинета салата од тестенини (вклучувајќи тестенини без глутен, црвен пипер, рукола, листови од индиски ореви и босилек, балсамико оцет);

Попладневна ужина: Интегрални шипки со овошје и јаткасти плодови;

Вечера: Салата од туна (боранија, грав, рукола, туна, црвен пипер, домати и конзервирана наут), супа од домати, печени домати.

Трет ден

Појадок: Вода, две лажици мед, овес без глутен со путер од кашу и банана, овошје;

Утринска ужина: Домашен хумус (вклучувајќи наут без глутен и соја сос) со јаболка;

Ручек: зелена салата, тестенини без глутен со песто (вклучувајќи тестенини од ориз, ореви и листови босилек);

Попладневна ужина: Авокадо со крекери без глутен, овошје;

Вечера: Салата со авокадо и домашен прелив, супа од морков и ѓумбир.