Што ја чека Урсула фон дер Лајен во Скопје? Ништо, ќе треба да биде среќна ако не мора и самата да си ја плати вечерата!

Поминаа пет дена од долго најавуваната стратегиска средба на раководството на СДСМ во Струга. Прво ја најавуваа во Охрид и во хотелот Инекс, па на крај да испадне дека е во Струга и во хотелот Изгрев. Небитна разлика од геогравска гледна точна ( Охридско езеро си е Охридско езеро ) но битна како некој мислел дека може да ги троши парите на американските граѓани, бидејќи на крајот испадна дека тешката дебата за стретегијата на СДСМ била средба организирана од НДИ.

Дали разбравте што СДСМ се договориле на средбата во Струга? Не. Само молк од Бихачка. Ниту дали ќе има уставни измени. Ниту кога ќе има парламентарни избори. Ниту дали ќе се заедно (споени/одвоени) претседателските и парламентарни избори. Уште помалку кој ќе биде кандидат на СДСМ на претседателските избори. На крај од целата стратегија да испадне не/стратегија или немање стратегија. Знаете зошто? Бидејќи не им кажале што треба да прават.

Зошто странците не им кажале на СДСМ што треба да прават? Има две објаснувања. Разбирливо е кога Бујар Османи или Артан Груби го придружуваат Али Ахмети на средбите со странците ( читај Калето и Американците ) но не е до крај јасно зошто вицепремиерот за евроинтеграција го придружува премиерот Ковачевски на средбите со Американците. Навистина Ковачевски ( за некој кој милува да се гледа во огледало како ученик на Харвард ) не го зборува американскиот како мајчин јазик, но го зборува доволно добро да ги разбере ( од јазична гледна точка ) што му кажуваат. Значи Маричиќ таму не е за да преведува од американски на македонски. Но можеби е таму да му ги преведе пораките на Ковачевски ( што сакале да му кажат Америте ) или уште повеќе да биде “осигигурачот” што ќе треба да се грижи за спроведување на тие пораки. Како што Бујар Османи во истата улога одеше со тогашниот премиер Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров на такви средби.

И второто ниво е дека ако се ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во изолација ( може да се сретне само со Виктор Орбан на унгарски гулаш и на по некоја унгарска жолта, добро де на повеќе унгарски жолти ) тогаш се чини дека Димитар Ковачевски и делумно СДСМ (под водство на Ковачевски ) се под опсервација. Под опсервација, дали поради неправење и пимплање ( што покажува дефицит на менаџерски капацитет ) или поради погрешно правење ( влегување во дилови со Заев и со Мицкоски кога не им било ни време ни место ) како резултат на некакво “орцекамчевско” или “наташасавовско” влијание од која и да била форма.

Во такви услови во понеделник во Скопје ќе допатува првиот човек на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Што ја чека во Скопје? Ништо. Што може да добие од македонските домаќини? Ништо. Треба да биде среќна ако не ја натераат самата да си ја плати вечерата. Затоа за госпоѓата фон дер Лајен ќе биде подобро директно да оди во Мала Речица, ем Али Ахмети има на располагање приватен готвач ( велат најдобар во Македонија ) ем Артан Груби и Бујар Османи ќе можат да му преведат точно што треба да прави. Со Ковачевски и со Стево Пендаровски ќе може да се напие само некое кафе и тоа без кофеин на заминување, бидејќи ниту Маричиќ ниту Сорос не се толку моќни од еден метар тревира да направат и капут и костум.